Преглед на пријава #11439



Пријава
18.10.2018 во 09:39:56

Почитувани,Ве молиме од група граѓани на овој дел од градот да ги напомените сопствениците на ул."Крсте Мисирков"бр.3 и бр.10,Трендов Ване и Боро Митев,кои што во нови контејнери првиот сопственик фрла градежен шут и земја,а другиот сопстевник фарба Автомобили и има автомобили од двете страни пракирано нема прегледност на луѓето кои поминуваат по оваа улица,а и нема фирма.А исто така сметот од улје и други механичарски работи ги фрла во контејнерот и има потечено по целата улица улје.Ве молиме што поскоро да се среди овој проблем.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
18.10.2018 во 22:32:42

Почитувани, По добиената пријава, која се однесува на сервисирање на моторни возила на јавна површина и фрлање на отпад од градежни материјали во садовите за комунален отпад на ул.„ Крсте Мисирков “ во Струмица, Ве известуваме дека од страна на службени лица од оделението за инспекциски работи - комунална инспекција, е извршен увид на локацијата и кај лицата посочени во барањето, и согласно законските овластувања кои ги има комуналната инспекција, се превземени соодветни превентивни мерки.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад