Преглед на пријава #10615



Пријава
16.03.2018 во 05:08:09

Еднаш го пријавив проблемот со Број на пријава: 10537 од 23,02,2018 Сега повторно го пријавувам истиот проблем Живеам во џеб на улица Климент Охридски од бр. 53 до бр. 69. Поставен е контењер за собирање на губре од домакинства на самиот влез во џебот на ул. Климент Охридски. Последните куки од џебот потребно е своето губре од домакинсво да го носат повеке од 200 метри со колички или во вреки до поставениот контењер што представува товар и малтретирање. Прашањето е дали има можност ЈП КОМУНАЛЕЦ еднаш во неделата да влегува во џебот со мало возило да го собира губрето бидејки улицата е тесна и не може големо возило да да влегува и да помогне на граганите од џебот да не се малтретираат и да го носат губрето повеке од 200 метра до поставениот контењер. Очекувам во скоро време одговор. Благодарам и поздрав

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Собирање на смет
Одговор
19.03.2018 во 20:38:41

Почитувани, Во врска со Вашата пријава, од надлежните служби добивме одговор дека од сега па натаму, подигањето на домакинскиот смет во џебот на ул. „ Климент Охридски “, ЈПКД „ Комуналец “ Струмица редовно ќе го прави двапати неделно и тоа во деновите вторник и петок. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад