Преглед на пријава #10450



Пријава
06.02.2018 во 18:34:16

Би сакал уште денаш да ве известам за дефектот на ул:,,5 ти Ноември,, бр.10 во Струмица т.е. за уличното осветлување, каде и после мое 10-15 пати пријавување и ургирање,до ден денес, 06.02.2018 година дефектот не е отстранет, а тоа трае повеќе од два месеци. Со несветење на сијалицата е загрозено, не само безбедноста на мојата куќа, туку и движењето и сигурноста на сите граѓани кои живееат во тој дел на градот.Овде би истакнал дека, еднаш кога бев кај вас во канцеларијата, незнам по кој пат тогаш, Ве прашав, кога веќе не ја користиме услугата на улично осветлување, да бидеме и ослободени од плаќање на таксата, но од ваша страна ме известивте дека тоа не е возможно. Но сепак, мислам дека и вие ќе се сложите дека нешто што не се користи, ние граќаните на општина Струмица и не би требало да го плаќаме?? Лично јас за уличното осветлување плаќам две такси(тоа може да го проверите).На крај уште еднаш ве замолувам да го отстранире дефектот на уличното осветлување на ул:,,5ти Ноември,, бр.10 во Струмица.Благој Чурлинов, 070 257 623

Статус: Решено
Тип на пријава: Улично осветлување
Одговор
12.02.2018 во 22:22:16

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека по интервенцијата на екипа од одд. за јавно осветлување при ЈП „ Паркиралишта Струмица “ извршена на ден 09.02.2018 год., дефектот на уличната светилка на горенаведената локација е отстранет. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад