Преглед на пријава #9409



Пријава
04.07.2017 во 10:25:11

Почитувани,Повеќе група на граѓани од населено место Куклиш поточно од новата населба Липа која што се наоѓа пред Фалком по новиот пат,се изреволтирани од повеќе земјоделци што го фрлат овошјето и зеленчукот по цели трактори,пред нивните сопствени куќи и се шири непријатна миризба.Затоа ве молиме доколку сте во можност да испратите екипа за спречување да не продолжат со истата намера тоа да го прават.Ве молиме за итна интервенција.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
07.07.2017 во 15:27:40

Почитувани, По добиена пријава , која се однесува на фрлање на отпад од раститетелно потекло, ве известуваме дека на ден 06.07.2017 година од страна на овластениот инспектор за животна средина беше извршен увид на посочената локација, при што од негова страна е констатирано дека фрлениот отпад е од биоразградива природа и истиот не пртставува опасност по животната средина, но од негова страна во иднина ќе биде следена состојбата на наведената локација.

Назад