Преглед на пријава #8817



Пријава
22.03.2017 во 04:18:33

Почитувани, Веќе подолг временски период од месец Мај 2016-та година куќите лоцирани од десната страна на црквата Св.Кирил и Методиј во с.Раборци се без улично осветлување. Од Ваша страна лани поради констатирана дотраеност беше извадена уличната бандера и ни беше кажано дека ќе биде донесена друга но сеуште нема ништо. Во текот на 2016-та и 2017-та година проблемот повеќепати беше пријавуван и во Канцеларијата на Систем48 но ни беше кажано дека нема бандери. Претходно и друго лице кое живее во овој дел од селото го има пријавено проблемот електронски, заведена пријава број #8690 од 28.02.2017 во 03:26:40 но сеуште нема никаков одговор и интервенција. Предлагаме доколку нема бандери, повторно да се увиди состојбата на старата која се наоѓа во близина на улицата каде претходно беше поставена бидејќи предолг период во текот на ноќите сме во тотален мрак на улицата. Се надеваме на Одговор и Интервенција од Ваша Страна. Поздрав

Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Улично осветлување
Одговор
22.03.2017 во 15:13:02

Почитувани, Вашата пријава е проследена до надлежните служби, ќе добиете одговор во најкраток рок.

Назад