Преглед на пријава #8778



Пријава
16.03.2017 во 18:50:14

Позади зградата на бул.Маршал Тито бр 18, од страната на Агенцијата за бравотување, има иссушено дрво бреза. Со оглед дека многу ученици и луѓе поминуваат одтаму, а се кршат и гранки, постои опасност некој да биде повреден. Од тие причини Ве молам да го сечете дрвото (брезата), како не би дошло до повреди на мунувачите, во поголем дел деца Поздрав Горан Чукарски

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Паркови и зеленило
Одговор
10.04.2017 во 22:21:16

Почитувани, По извршениот увид од страна на екипа од работната единица „ Паркови и зеленило “ при ЈПКД „ Комуналец “ Струмица, добивме одговор дека дрвото ( бреза ) се наоѓа во дворот на зградата на ул. „ Маршал Тито “ бр.18 и возилото за специјална намена (кран со корпа) нема пристап поради поставени П-профили со кои е заграден паркинг просторот и дворот на зградата. Доколку станарите од зградата се согласат истите привремено да ги отстранат,веднаш ќе се пристапи кон решавање на пријавата. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад