Преглед на пријава #8630



Пријава
17.02.2017 во 12:23:45

Почитувани, Ве молиме доколку сте во можност да интервенирате до надлежните служби за заловување на кучиња скитници кај Авто Мото Стрела на ул."Јанко Цветинов". Кучињата се собрани во поголем број, агресивни се и ги напаѓаат минувачите. Ви благодариме.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
17.02.2017 во 21:38:35

Почитувани, Ви известуваме дека доставената пријава, која се однесува на кучиња скитници на ул. Јанко Цветинов, е земена во предвид и истата ќе биде процесуирана од наша страна, односно наведената локација ќе биде вклучена во планот за заловување на кучиња скитници при наредното заловување од страна на лиценцираното правно лице кое е ангажирано од страна на општина Струмица.

Назад