Преглед на пријава #8103



Пријава
02.11.2016 во 19:01:16

Живеам со моето семејство на Ул.Цветан Димов бб Струмица(после стариот магазин на Џордан и викендицата на Ацо Стојков-Чутино) и куката е легализирана. Јавно улично осветлување има до крајот на улицата и продолжува во левиот крак а додека од крајот на улицата према десниот крак кај што живеам нема јавно осветлување а ми доага на сметката од ЕВН надомест за јавно осветлување за оваа адреса и место на живеење и редовно го плакам. Преедвид напред изнесеното по утврдувањето на фактите дека е така од Ваша страна,Ве замолувам за поставување на јавно осветлување и на овој крак од улицата. Однапред благодарам. Со почит.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Улично осветлување
Одговор
02.11.2016 во 20:48:49

Почитувани, Во врска со добиената пријава, Ве известуваме дека екипа од одделението за јавно осветлување при ЈП „ Паркиралишта “ Струмица, деновиве ќе изврши увид на гореспомената локација со цел за подобро утврдување на состојбата во делот на осветлувањето. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад