Преглед на пријава #7923



Пријава
10.10.2016 во 11:40:05

Почитувани, По барање на повеќе граѓани од ул. „ Горги Трајков “, Ве молиме за интервенција од општинските инспекциски служби, остатоците од храна од ресторантот „ Под оревчето “ да не се фрлаат во двата контејнери поставени на тротоарот на истата улица. Од истите се шири непријатна миризба и околу нив се собираат повеќе кучиња скитници. Однапред Ви балгодариме.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
09.11.2016 во 20:28:51

Почитувани,Ве известуваме дека во контекст на поднесената пријава, која се однесува на фрлање на остатоци од храна од вршење на угостителска дејност, од страна на овластениот инспектор за животна средина при општина Струмица има превземено соодветни мерки и отпочнато управна постапка, односно правното лице е задолжено во законски определен рок, да склучи договор со давател на комунална услуга за одведување на отпадот кој произлегува од вршење на дејноста.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад