Преглед на пријава #7826



Пријава
23.09.2016 во 14:35:03

Почитувани,ве молиме за интервенција од општински инспекциски служби за несоодвтно исфрлање на пелевина од филтерот на магазинот на Интер Мебел во населено место Дабиље,која пречи на повеќе граѓани кои живеат во тој дел во населеното место.Однапред благодарни.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
29.09.2016 во 21:12:08

Почитувани, Во контекст на добиената пријава ве известуваме дека согласно своите законски надлежности, овластениот инспектор за животна средина при општина Струмица, изврши инспекциски надзор кај правното лице наведено во пријавата, по што од страна на инспекторот се превземени соодветни законски мерки за отстранување на проблемот. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад