Преглед на пријава #7812



Пријава
22.09.2016 во 20:27:51

НА ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕ ДО ВАС СИСТЕМ 48 Пишувам од работно место во фирма БИРОСЕФ доо Струмица ул. Гоце Делчев бр 121 што се наога во простории на бивши МЕТАЛПРЕС. При малку поголеми дождови имаме проблем со поплавување на дворот од атмосверската вода. Одводната канализација ја прочистивме и цевките се чисти но установивме дека проблемот е во тоа што каналот во кој се влива атмосверската вода и граничи со нас е премногу обраснат со трева шамак и нема истек на football predictions водата што доага по него така да нивото се качува доста високо и не ја прима атмосверската вода од нашиот двор. Би сакал да ми одговорите дали се има план да се исчиети овој канал и да ми кажете под чија надлежност е чистењето од трева на каналот. Чекам интервенција или одговор. Поздрав ДОБИВ ОДГОВОР ОД СИСТЕМ 48 Одговор: Почитувани, Oд страна на надлежните служби добивме одговор дека:Каналот е под надлежност на Државното водостопанско претпријатие Струмичко Поле.Ви благодариме за користење на Систем 48. НА ПОСТАВЕНО ИСТО ПРАШАЊЕ ДО СТРУМИЧКО ПОЛЕ ДОБИВ ОДГОВОР КАКО ПОДОЛУ Одговор Согласно член 123, став (1), од Законот за води ( Сл.весник на Р.М 87/2008) За заштита и одбрана од поплави и за заштита од друго штетно дејство на водите во урбаните подрачја надлежни се општините, општините во градот Скопје и градот Скопје на нивното подрачје. Каналот (река Водочница) на посоченото место минува низ урбано подрачје на Општина Струмица, па согласно одредбите од погоре цитираниот член од Законот за води, надлежноста за овој канал ја има Општина Струмица. Во понатамошната комуникација користете го овој e-mail: p_[Водостопанство„Струмичко поле“-Струмица е-пошта за барање] Поздрав Подружница “Струмичко Поле“-Струмица ВЕ МОЛАМ НА КОЈ Е ТОЧЕН ОДГОВОРОТ А СО ТОА ЧИЈА Е ОДГОВОРНОСТА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КАНАЛОТ на Општина Струмица или на Струмичко поле. Поздрав

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Контакт со оператор
Одговор
08.07.2018 во 15:03:56

Почитувани,Бидејќи локацијата за која имате пријавено во Систем 48 е во урбаноподрачје, надлежноста за чистење на каналот, ја има општината. За општината суштински проблем за ефективно чистење претставува поделеностана надлежноста за чистење на каналите и речните корита во однос нанедостатокот на благовремена, едновремена и координирана заедничка акција оддвата надлежни субјекти – општината и водостопанското претпријатие. Имено,ако општината реализира акција за чистење на делот каде што има законсканадлежност и ако преостанатиот дел, (во конкретната локација на потеготоколу поранешниот институт), кој е во надлежност за чистење наводостопанското претпријатие, не биде исчистен, протокот на вода ќе бидеблокиран за да истата се враќа назад, а со таквата ситуација нивото на водаво каналот се покачува. Дополнителен проблем за покачување на нивото наводата во каналот претставуваат и бројните поројни водотеци кои депонираатогромен нанос во речниот тек на каналот.Ефикасното исполнување на потребите на граѓаните е грижа на општината,меѓутоа сето тоа според расположивиот буџет и законската регулатива. Вобуџетот за 2016 год. финансиски средства за чистење на тој дел не сепланирани токму од горенаведеното објаснување. Вратата на општина Струмица еотворена за соработка со било која институција кога е во прашање интересотна граѓанинот.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад