Преглед на пријава #7701



Пријава
02.09.2016 во 13:13:44

Почитувани, Ве молиме за интервенција од општинските инспекциски служби за несоодветно паркирани возила и узурпција на самиот тротоар на ул. „ Ванчо Китанов “ (задниот влез на училиштето Сандо Масев). Однапред Ви благодариме.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
29.09.2016 во 21:08:14

Почитувани, По добиена пријава до одделението за инспекциски работи при општина Струмица, која се однесува на непрописно паркирање на моторни возила на јавна површина на ул.Ванчо Китанов,ве известуваме дека во областа на сообраќајот надлежностите на општина Струмица се во делот на изградба и одржување на улици и пешаки простори(тротоари) и поставување и одржување на улична хоризонтална и вертикална сигнализација. Согласно тоа од страна на општина Струмица на наведената локација има прописно поставен сообраќаен знак кој на возачите им укажува дека на наведениот тротоар е забрането запирање и паркирање на моторни возила. Надлежноста за санкционирање и отстранување на непрописно паркирани моторни возила од јавните површини кои не се наменети за паркирање на моторни возила, е во делокругот на постапување на сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи - сектор Струмица. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад