Преглед на пријава #7646



Пријава
29.08.2016 во 09:15:19

Почитувани,ве молиме доколку сте во можност да испратите екипа за заловување на кучиња скитници на ул."Ѓуро Салај"(поточно кај АТШ Берово).Однапред благодарни.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
29.08.2016 во 21:10:12

Почитувани, Во врска со добиената пријава која се однесува за заловување на кучиња скитници на ул.Ѓуро Салај , Ве известуваме дека по истек на договорот со досегашниот ангажиран правен субјект за заловување и третман на кучиња скитници, согласно Закон од страна на општина Струмица е отпочната постапка на распишување на тендер за ангажирање на лиценциран правен субјект за заловување и третман на кучиња скитници. По завршувањето на законските пропишани процедури, општина Струмица ќе продолжи со давањето на оваа комунална услуга.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад