Преглед на пријава #7580



Пријава
18.08.2016 во 16:30:32

На улица Ѓуро Салај од поранешно АТШ Берово па надолу кон куќите (до број 40) улицата е претворена во огромно градилиште од зградите кои се градат наспроти поранешно АТШ Берово. Улицата е целата со ситен песок од кој се крева огромна прашина од камионите кои секојдневно минуваат таму по повеќе пати а со тоа на нас граѓаните кои живееме таму ни е невозможно движењето посебно на пешаците. Ве замолувам од името на сите граѓани кои живееме на тој дел од градот да се превземе нешто (да се потсреди улицата со соодветен камен, кога веќе неможе да се асфалтира и да се исчисти самата улица од обраснатите трња и капини околу патот, како и да се пополнат огромните дупки кои се створени на самата улица од АТШ Берово се до последната куќа). Сите ние имаме уредно платени давачки кон државата и општината (легализирани домови, платени давачки за осветлување и комуналии) и мислам дека заслужуваме малку попристојно да живееме. Со Почит, Софија Ѓорѓиева ул.Ѓуро Салај бр.40

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Собирање на смет
Одговор
20.09.2016 во 23:02:27

Почитувани, Согласно претходната пријава и сегашното Барање во кое барате одредена површина да се израмни и истата да биде исчистена од обраснатите треви, би сакале да Ве информираме за следните околности и ситуации со кои Вие како граѓани, а ние како локална самоуправа се соочуваме. Имено, со самото ваше кажување дека куќите во кои живеете се веќе легализирани, го потврдува фактот дека претходно објектите биле дивоградби. Категоријата ,,дивоградба,, подразабира – градење без градежна дозвола. Градењето на објект без градежна дозвола, значи кршење на законската регулатива и избегнување на плаќање на законскиот комунален надоместок. Средствата платени на име на комуналии општината ги користи наменски за изведба на комунална и патна инфраструктура. Со стапување во сила на Законот за утврдување на правен статус (легализација) Вие како граѓани, по ВАШЕ БАРАЊЕ, имате побарано исполнување на право согласно донесениот закон, по кое општината има постапено и по одредени барања веќе има донесено правосилни решенија за утврдување на правен статус на објектите кои се наоѓаат во неурбанизирано подрачје. За неурбанизираното подрачје, (општината ви има одговорено)дека во постапка е донесување на урбанистички план во кој план, после неговото донесување, би биле вклопени по законски пат постоечките улици (тогаш би можеле да бидат асфалтирани), постоечките објекти и станбени куќи. За ваша информација, процедурата трае подолго и донесувањето на урбанистичките планови, не зависи само од општинската администрација бидејќи согласноста ја дава Министерството за транспорт врски. Во случајот, постапките за легализација на барателите од овој реон, не се завршени, за да можат да бидат вклопени во урбанистичкиот план кој е во процедура. Бараме разбирање од Ваша страна заради законските процедури кои општината мора да ги почитува – се друго би значело кршење на законот и иницирање на кривични пријави против одговорните лица во администрацијата и градоначалникот на општината. Ве информираме дека во периодот кој следи, општината најпрвин ќе изврши санација на дел од површината за која имате упатено барање, како веднаш по тоа и чистење на обраснатата трева од страна на ЈПКД „Комуналец“. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад