Преглед на пријава #7575



Пријава
17.08.2016 во 11:14:44

Почитувани,ве молиме доколку сте во можност да испратите екипа на ул."Гоце Делчев"(поточно кај Иднина зградата),за заловување на кучиња скитници кои се многу агресивни.Однапред ви благодариме.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
08.07.2018 во 15:12:04

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека: Општина Струмица работи според законска регулатива во која децидно е опишана законската постапка за хуман третман на кучињата скитници. На територијата на Општина Струмица во континуитет се врши хуман третман на кучињата скитници според Законот за заштита и благосостојба на животните.По истек на договорот со досегашниот ангажиран правен субјект за заловување и третман на кучиња скитници,согласно Закон од all football prediction sites страна на општина Струмица е отпочната постапка на распишување на тендер за ангажирање на лиценциран правен субјект за заловување и третман на кучиња скитници.По заловувањето на кучињата скитници се вакцинираат против беснило, се врши дехелмитизација, се обележуваат со ушни маркички и се чипираат.Според законот, откако ќе се изврши сето тоа кучињата се транспортираат до местото на заловување и се пуштаат.Секое куче има пасош кој се наоѓа во одделението за инспекциски работи при општина Струмица и сите граѓани заинтересирани за вдомување на вакви кучиња можат да се пријават во ова одделение.Не помалку важно е и планирањето и обезбедувањето на буџетски финансиски средства за реализација на гореопишаната законска постапка, (а кои средства не се мали) кои на предлог на Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, со Одлука ги донесува Советот на Општина Струмица. На крајот, Ве информирам дека Вашата пријава ќе биде проследена до надлежните инспекциски служби при општината. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад