Преглед на пријава #7504



Пријава
08.08.2016 во 17:17:39

Почитувани, На улица Свети Климент Охридски 91 спроти маркет ЗДРАВЕЦ пред година и пол беше од автомобил соборена канделабра и иако повеќе пати сите пријавиваме не се најде нова до ден денес туку кабелот од оштетената канделабра остана да виси и цело време бил под напон. Од тешките камиони кои паркираат таму кабелот направи краток спој и во сабота околу 22ч предизвика ПОЖАР .Гореше инсталацијата и блиската сува трева и со брза интервенција од насобраните на среќа се изгаси додека да стигне пожарната и возилото на ЕВН.Сега пак кабелот е иста состоја и Ве молиме додека не настрадал некој да СЕ ОБЕЗБЕДИ да не го газат тешките камиони Поздрав Гоце

Статус: Решено
Тип на пријава: Улично осветлување
Одговор
08.08.2016 во 18:10:25

Почитувани, Во врска со пријавата добиена од Ваша страна Ве известуваме дека на ден 07.08.2016 год. интервенирано е од страна на надлежните служби и кабелот е исклучен од електричната мрежа. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад