Преглед на пријава #7469



Пријава
01.08.2016 во 20:37:27

Почитувани, Принудени сме по којзнае кој пат да го поставиме за нас најактуелното прашање: КОГА ЌЕ СЕ ПОСТАВИ КАНАЛИЗАЦИЈА ВО БЛОК 17 на улица Климент Охридски веке 10 (десет) години како сме платиле комуналии а канализација нема Благодариме на вниманието од името на сите што живеат и работат во блок 17

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Водовод и канализација
Одговор
05.08.2016 во 23:08:51

Почитувани, Во врска со добиената пријава од Ваша страна за поставување на канализациона мрежа на ул. „ Климент Охридски “ блок 17, Ве известуваме дека во планираниот буџет за 2016 година не е предвидено поставување на истата.Поставувањето на канализационата мрежа ќе биде ставено во план во програмата за развој на општина Струмица во иднина. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад