Преглед на пријава #7319



Пријава
13.07.2016 во 03:10:41

Почитувани Како станари во зградата на ул. Ленинова бр. 73 се соочуваме со секојдневни проблеми при паркирање на нашите возила. Имено позади штедилница Можности има оставено хаварисано возило марка Застава 750 (фичо) кое возило веќе спаѓа во категорија отпад и треба да биде отстрането и да се отвори простор за паркинг. Исто така пред влезот на самата зграда некои „итри“ станари бесправно си имаат изградено метални гаражи па дури има и една од бетонска (тврда) конструкција пред влезот број 1 со што узурпирале голем дел од просторот пред двата влеза а дел од нив дури не поседуваат автомобили. Затоа бараме да биде решен проблемот и да се испразни просторот или пак да одговорите позитивно на нашите барања да ни се дозволи бесплатен паркинг на булеварот. Дворното место не е откупено од станарите - државно е. Ви благодариме.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
25.07.2016 во 18:36:17

Почитувани, Во врска со добиената пријава која се однесува за хаварисаното возило марка З-750 и поставените гаражи пред зграда со бр.73 на ул Ленинова, Ве известуваме дека комуналниот инспектор при општина Струмица има извршено инспекциски увид и констатира дека сопственикот на возилото е во моментот отсутен но по неговото доагање ке биде отстрането, додека од извршениот увид од страна на Градежниот инспектор констатира дека во дворот на стамбената зграда има изведено четири гаражи од постар датум.Имателите на гаражите согласно Законот за постапување по безправно изградени објекти (Сл.В.на РМ бр.23/14...217/15)имаат можност за утврдување правен статус (запишување на безправниот објект во јавна книга на недвижности) на начин и постапка определена со овој закон.Имателите имаат поднесено Барање за легализација на безправно изградени објекти до општина Струмица.Доколку безправниот објект не ги исполни условите за легализација ке се отстрани согласно со одредбите на Законот за градење.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад