Преглед на пријава #7222



Пријава
28.06.2016 во 14:03:46

Ве молам доколку сте во можност да испратите екипа за заловување на куче скитник на ул."Бетовенова"околу црквата.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
30.06.2016 во 22:18:36

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека: Општина Струмица работи според законска регулатива во која децидно е опишана законската постапка за хуман третман на кучињата скитници. На територијата на Општина Струмица во континуитет се вррши хуман третман на кучињата скитници. Залоување го врши ДТУ Ветеринарна клиника ,,Анри вет" од Стојаково со која согласно тендерската постапка општина Струмица склучи договор и направи план и динамика за спроведување на оваа активност која се врши согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.По заловувањето на кучињата скитници истите се вакцинираат против беснило, се врши дехелмитизација, се обележуваат со ушни маркички и се чипираат.Според законот, откако ќе се изврши сето тоа кучињата се транспортираат до местото на заловување и се пуштаат.Секое куче има пасош кој се наоѓа во одделението за инспекциски работи при општина Струмица и сите граѓани заинтересирани за вдомување на вакви кучиња можат да се пријават во ова одделение.Не помалку важно е и планирањето и обезбедувањето на буџетски финансиски средства за реализација на гореопишаната законска постапка, (а кои средства не се мали) кои на предлог на Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, со Одлука ги донесува Советот на Општина Струмица. На крајот, Ве информирам дека Вашата пријава ќе биде проследена до надлежните инспекциски служби при општината. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад