Преглед на пријава #7099



Пријава
09.06.2016 во 10:29:39

Почитувани,пред само неколку месеци на ул."Климент Охридски"со раскрсницата "Братство Единство"непосредна близина на (автобуската станица),имаше сообраќајна несреќа поради која беа уништени три електрични столба и истите беа отстранети од екипа на улично осветлување при Општина Струмица.Од тој настан помина повеќе време па ве молиме докoлку сте во можност да ни одговорите кога ќе ги вратите електричните столбови во првобитната состојба.Однапред благодарни на вашиот одговор.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Улично осветлување
Одговор
31.08.2016 во 17:26:12

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека:ЈП,,Паркиралишта Струмица,, има спроведено тендерска постапка за набавка на потребните материјали, во која постапка е планирано набавка на улични светилки за кои веќе имате пријавено. Времетраењето на самата законска постапка за набавка на материјалите ЈП,,Паркиралишта Струмица,, не може да го предвиди , имајќи го во предвид фактот дека во самиот процес се вклучени и други државни институции брз основа на чии повратни одговори ЈП,,Паркиралишта Струмица,, ги прави понатамошните административни чекори. Вашата пријава е повеќе од оправдана каков што е напорот на одговорните лица од ЈП,,Паркиралишта Струмица,, Ви благодариме на разбирањето и користењето на Систем 48.

Назад