Преглед на пријава #7034



Пријава
30.05.2016 во 14:03:26

Почитувани , Ве молам доколку сте во можност да испратите екипа за отстранување на 3 (три) заштитни столбови ( граничници ) од тротоарот на улица „ Братство и Единство “, поточно пред новоотворениот дисконт на „ Црвена Ружа “. Истите, на мој трошок ке бидат заменети со метални подвижни инсталации, кои нема да го нарушат досегашниот изглед на горенаведената локација, а со цел за полесен дотур на роба и подобрување на пристапноста на новотворениот маркет .

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
08.06.2016 во 14:35:27

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека: Заштитните столбови, односно граничниците на тротоарот на горенаведената локација ќе бидат отстранети најдоцна до 09.06.2016 год. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад