Преглед на пријава #6630



Пријава
30.03.2016 во 13:16:59

Почитувани, Повеќе време се соочуваме со проблем за кои што се надеваме дека вие вработените во Систем 48 ќе изнајдете решение или ќе не упатите до конкретната служба за решавање на истиот.Ќе бидам многу краток во врска со проблемот, бидејќи зборови не се потребни сликата кажува се.Се работи за ул.."Моноплска"бр13, добро позната (eгејска куќа, во неа се сместени повеќе станари,но еден од станарите си дозволува за право да чува разни видови на животни, од нив се шири непријатен мириз,се испуштат звуци и е жива нечистотија, не само за нас туку и за целата околина во која што живееме.Кон оваа пријава би сакал да додадам уште нешто,се работи за повеќе полски вециња исто така сместени на таа локација со исти својства од погоре наведените(мирс,нечистотија) итн.Ве молиме од името на повеќе граѓани на оваа улица да се превземат сите можни мерки за итно решавање на овој проблем. Однапред благодарни група на граѓани од Егејска зграда.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
08.04.2016 во 20:37:16

Почитувани, Во врска со добиената пријава од Ваша страна која се однесува за одгледување на перјаста живина на ул Моноплска бр.13 Ве известуваме дека комуналниот инспектор при општина Струмица изврши повеке инспекциски увиди и ги има преземено сите мерки во рамките на своите овласувања, односно сопственикот ја има дислоцирано живината на друго место. Додека за полските4 вециња што се наведени во пријавата Ве известуваме дека истите не се во функционална состојба и од нив не се шири непријатна миризба. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад