Преглед на пријава #6558



Пријава
17.03.2016 во 13:36:13

Ве молам за интервенција на екипа како од Општина Струмица така и од ЈПКД Комуналец за проблем на ул." Бетовенова" бр.161 или по конкретно потпорниот sид на кој повеќе граѓани од непосредна близина фрлаат и го оставаат својот смет несовесно и неконтролирано. Ве молам за интервенција.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
23.03.2016 во 15:40:26

Почитувани, Ве известуваме дека по добиена пријава која се однесува на неконтролирано фрлање на комунален отпад од домаќинства на ул.Бетовенова, по извршениот увид на лице место Комуналниот инспектор по остварената комуникација со раководителот на РЕ Чистота во ЈПКД КОмуналец, дојде до сознание дека поради временските услови, тракторите кои го подигаат отпадот од домаќинствата во тој дел од градот не биле во можност да пристапат до домаќинствата. Од страна на ЈПКД Комуналец на граѓаните им било укажано отпадот да го оставаат на наведената локација во пријавата за да можат тракторите да пристапат до него. Со подобрување на временските услови проблемот ќе биде отстранет, односно ќе биде воспоставено нормално одведување на комуналниот отпад. Од страна на ЈПКД Комуналец добивме одговор дека: Се работи за отпад од граганите што живеат на таа улица и не може да се каже дека неконтролирано се остава отпадот бидејки е со наше знаење а причината е поради тоа што на улицата која води кон муслиманските гробишта се изведува канализационен систем и истата е не проодна за нашите возила .Сепак нашето возило отпаот кој граганите го оставаат на оваа место се подига двапати неделно .Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад