Преглед на пријава #6235



Пријава
03.02.2016 во 20:22:31

Почитувани, Веќе подолг период на ул.Тимо тренчев (сервис Динамика)има паркирано возила кој го окупира просторот наменет за пешаците и за сите граѓани на Општина Струмица.Исто така од наведениот сервис доага црн чад кој ни мириса на прегорено улје односно мисламе дека се грее на улје во одредени денови(не секој ден) Ве молиме за интервенција и указ. Однапред благодарни група на граѓани на горенаведената улица.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
25.02.2016 во 19:58:53

Почитувани, По добиена пријава која се однесува на затоплување на деловни простории со согорување на недозволени деривати ( моторно улје), ве известуваме дека овластениот инспектор за животна средина има извршено вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект наведен во пријавата. По извршениот надзор на лице место, инспекторот за животна средина нема констатирано неправилности, односно има констатирано дека правниот субјект за загревање на деловните простории користи струготини од огревно дрво, кои во себе не содржат никакви штетни материи. Во поглед на паркираните возила на јавната површина, ве известуваме дека комунален редар има постапено по пријавата, и возилото затекнато на лице место ќе биде одстрането до крајот на оваа седмица.

Назад