Преглед на пријава #6063



Пријава
30.12.2015 во 16:04:16

Бул.Маршал Тито бр.5 влез 4 Струмица Проблемот е повеќе од 2 години. Подрумските простории поплавени. Стари луѓе со нарушено здравје се мачат секој ден да се испразни водата. Не дигаме галама заради опцијата која се подржува. Кој е надлежен ? Срамота ! Срамота за Општината, Градоначалникот. Срамота посебно за мегаломанското комунално претпријатие. Само со лаги се служат. Извинете за речникот, но ми е жал за старците.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Водовод и канализација
Одговор
09.02.2016 во 18:14:09

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека: Проблемот е од внатрешен карактер и не е во надлежност на ЈПКД Комуналец, меѓутоа истото претпријатие заедно со Општина Струмица би сакале да излезат во пресрет за решавање иако ќе повториме дека проблемот е на станарите, се работи за проблем во подрумските простории на зградата, се работи за Ваша заедничка водоводна инсталација.Решение е новиот приклучок од другата страна, за тоа ќе ни биде потребно Ваш контакт телефон и името на Претседателот на здружение на станари за целосно решавање на овој проблем. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад