Преглед на пријава #5866



Пријава
26.11.2015 во 15:29:00

Добарден, би сакал да се пожалам на лошата изведба на тротоарите во с.Дабиље. Во Attach ви праќам неколку слики да видите за што се работи. На слика бр.1 е сликано во насока на патот пред да се почне со работа на тротоарите. Значи мојот влез беше цементиран и израмнет со патот. И тоа беше така изведено да водата од патот кога врнеше дожд се слеваше од двете страни на влезот. На слика 2 и 3 се гледа како е сега ситуацијата. Прво ми го срушија цементот (не знам дали смеат и ако смеат) зошто ивичњаците се поставени толку високи. Значи ги прават насекаде иста висина, независно дали е тротоар или влез во двор. И како што е сега направено водата ќе нема каде да истечува и ќе се прави голем вир пред мојот влез. Овие работи веќе им ги посочив на работниците, ама не преземаа ништо. Ве замолувам ако може да реагирате додека е време, зошто не е само мојот влез така е од почеток до крај на тротоарот. Сите комшии се револтирани. Никој нема да може со автомобил да помине со тротоарот. Како што се сега поставени ивичњаците се повеќе од 10cm повисоки во однос на патот, a бекатонот веќе како што го поставуваат е повеќе од 20cm во однос на дворовите. Благодарам. Трајков Томе

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
27.11.2015 во 18:43:25

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека:Сугестијата во врска со проблемот кој што се има појавено по поставување на тротарите во с.Дабиле, ќе се земат во предвид , при тоа од страна на изведувачот истите ќе бидат корегирани. Во прилог Ве известуваме дека: Општина Струмица ставајќи ја изградбата на тротоарот како приоритетен заради безбедноста при движење на граѓаните од Дабиље, ја има изработено проектната документација и преку истата аплицираше за добивање на финансии, додека изборот на фирмата за изведување на тротоарот и надзорот над изведувањето не е на Општина Струмица, туку е на друг правен субјект, односно на Југоисточен Плански Регион. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад