Преглед на пријава #5526



Пријава
05.10.2015 во 11:53:35

Почитувани, Вработени во Систем 48 ви се обраќам и Вам со цел да ја запазиме процедурата на Вашето 48 часовно известување, во врска со одговор на проблем за кој што во неколку наврати ми беше обеќано од страна на градоначалникот на Општина Струмица дека истиот ќе биде решен во најкраток можен рок.Пријавата се однесува за две прашања: 1.Кога ќе се отвори пролазен пат на ул."Струма". 2.Kога ќе се тампонира ул. "Струма". Со овој проблем се запознаени повeќе служби меѓутоа до сега нема ни трага ни глас,ниту одговор а камоли активност за решавање на овој проблем.Ве молиме уште еднаш како 48 часовна транспарентна служба за конкретен одговор.Однапред благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
27.11.2015 во 19:58:58

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека:Крпењето на ударни дупки и ровови за 2015 година е завршено, така да новите кои се појавуваат ќе бидат ставени за реализација во наредната година. Улицата “Струма“ е тампонирана, а делот кој е останат не може да се реализира од причина што на тој потег не се решени имотно-правните односи. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад