Преглед на пријава #5497



Пријава
01.10.2015 во 13:55:41

Почитувани, Веќе подолг период на ул."Ристо Клепов"бр2 со ул."Мара Минанова"бр 2 се соочуваме со еден проблем,еден од соседите во своето дворно место одгледува повеќе врсти на животни од коии се шири непријатен мирис, и е грда слика за овој дел од градот.Ве молиме за интервенција.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
28.10.2015 во 17:40:59

Почитувани, Во врска со добиена пријава од граѓани на ул."Ристо Клепов која се однесува на одгледување на домашни животни во градежен опфат, ве известуваме дека законските надлежности на комуналната инспекција во котекст на одгледување на домашни животни се опфатени само со прекршочна постапка, согласно што се превземени соодветни мерки. Ви благодариме за користење на Систем 48

Назад