Преглед на пријава #5318



Пријава
05.09.2015 во 17:15:47

Сакам да пријавам проблем со движење, застанување, паркирање на моторни возила , од страната на пазарот ЧЕШЕЛ , на ВЛЕЗОТ во градинката. На тој влез се носат деца со посебни потреби и сите се носат претежно со моторно возило, треба да се застане , па да се почека детето да се симне (понекогаш се инатат и не слегуваат), па да се внимава да не се стрча кон некое возило. На овој влез сообракјајното решение е никакво, нема обележано место за застанување на лица со посебни потреби, нема рампа за лица со посебни потреби , нема знаци дека има деца.Треба да се стори нешто..........

Статус: Решено
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
15.10.2015 во 18:18:32

Почитувани, Улицата пред влезот на градинката, од страната на ,,Чешел,, според законските прописи е улица, само за движење и сообраќај. Паркирањето или застанувањето на улицата пред влезот на градинката, од страната на ,,Чешел,, ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот и претставува сообраќаен прекршок. Паркираните возила кои можат секојдневно да се видат на тој потег, се резултат на сообраќајната култура на возачите или неажурноста на одредени државни органи. Заблагодарувајќи Ви се за сугестијата, Ве известуваме дека:На ден 14.10.2015 е постапено од ЈП,,Паркиралишта Струмица, по однос на Барањето од граѓанинот за обележување на две паркинг места за лица со посебни потреби. Во однос на законската регулатива за почитување на хоризонталанта сигнализација надлежноста ја има МВР-СВР Струмица.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад