Преглед на пријава #5123



Пријава
29.07.2015 во 12:49:22

Ве молам за интервенција во с. Рич и замена на неколку улични светилки.

Статус: Решено
Тип на пријава: Улично осветлување
Одговор
10.08.2015 во 17:16:42

Почитувани, поради присуство на бујна вегетација има предизвикано поголем технички дефект на линијата за улично осветлување во населеното место.Имено во крошните на дрвјата често пати се случува да се допираат кабли и да се замотаат една со друга која предизвикува кратка врска која има струјна заштита во трафостаницата.Поради кратката врска се случува цела линија за улично осветлување да биде оштетена односно да прегорат сијалиците. Поради тоа се пристапи за кроење и отстранување на бујната вегетација која е пречка за функционирањето на линијата за улично осветлување но која може да биде и дополнителен проводник кој непотребно би ја користел електричната енергија спрема земја. Се постави и дополнителна линија за улично осветлување во должина од околу 100m(накај поштата) изработена со надземен SKS кабел, и се поставија дополнителни 2 светлосни арматури комплет со сијалици(Economic E27 25W= 2 бр.) за подобрување на осветлувањето на потегот кој немаше улично осветлување. Сервис на дефектни сијалици ќе се изврши дополнително во текот на работната недела. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад