Преглед на пријава #4746



Пријава
21.04.2015 во 15:48:27

Почитувани, Ве молам да интервинирате односно да испратите екипа од општински инспекциски служби за проблем на ул." Охридска" бр.22, се работи за полско вц од кое се шири непријатен мирис.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
27.04.2015 во 19:03:55

Почитувани, Во врска со добиената пријава која се однесува за ширењето на непријатна миризба од полско вц на ул.Охридска бр.22 Ве известуваме дека комуналниот инспектор при општина Струмица, изврши два инспекциски надзори при што констатира дека не се шири непријатна миризба, но сепак пријавеното лице е задолжено да изврши белење, чистење и дезинфекција на полското вц кое е прописно и приклучено на канализациониот систем. Контролата ке продолжи и понатаму. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад