Преглед на пријава #3972



Пријава
13.10.2014 во 15:57:02

Почитувани, се работи за проблем со кој се соочуваме подолг временски период на ул."Антон Панов" позади бензинска пумпа Макпетрол, веќе неколку пати имаме поднесувано барање до Општинските инспекциски служби прво за отстранување на хаварисаните автомобили во непосредна близина на бензинската коии во секој момент може да предизвикат некоја несереќа како и да е проблемот на ова улица не е само овој, сметот кој се помалку се отстранува и од кој се шири непријатен мирис и уште нешто неконтролираното користење на вода од страна на диви потрошувачи. Ве молам да превземете нешто и ги решите овие навистина горчливи проблеми за овој дел од градот. Однапред благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
17.10.2014 во 12:51:08

Почитувани, Во врска со добиената пријава за оставени хаварисани возила, неконтролирано отстранување на смет и несовесно користење на вода на ул. Антон Панов, комуналниот редар излезе на лице место и констатира дека по претходно усно укажување започнато е со отстранување на хаварисаните возила и сметот од јавните површини, и во текот на наредните денови неправилностите ќе бидат во целост отсранети. Во врска со неконтролираното и несовесно користење на вода се превземени посебни мерки. Ви благодариме за користење ан Систем 48.

Назад