Преглед на пријава #3937



Пријава
06.10.2014 во 15:00:34

Почитувани, веќе неколку пати доставувам барање до Комуналец во врска со проблем со сливник на ул."Ѓорѓи Трајков" бр.33. Ве молам за одговор и интервенција. Однапред благодарни.

Статус: Пријава во процес на решавање
Тип на пријава: Водовод и канализација
Одговор
13.10.2014 во 15:26:09

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека: Се работи за сливник кој е запушен од страна на граганите кој живеат во непосредна близина, и тоа со бетонски наслаги како резултат на перење на градежни машини кој се користеле при градба на една од куќите. За решавање на овој проблем потребна е поголема интервенција односно да се направи нов сливник бидејќи веќе постоечкиот е вон употреба. Проблемот ќе биде решен до крајот на месец Октомври. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад