Преглед на пријава #3821



Пријава
15.09.2014 во 14:27:05

Почитувани Во дворот на улица Ристо Ќурчиев бр. 1 веќе неколку години еден наш несовесен граѓанин одгледува по неколку кучиња истовремено кои имаат направено импровизирана куќичка под неговата тераса но се пуштени слободно да шетаат. Под нивно одгледување подразбирам нивно хранење и згрижување без да тврдам дека тие се лично негови. Мое лично мислење е дека тие дури и не се вакцинирани а и не треба да се пуштаат слободно да се шетаат во толку густо населена област од градот имајќи ја во предвид нивната агресивност и лаење кога ќе помине некој по улицата. Најголемиот проблем е во тоа што посебно во доцните вечерни часови буквално не може да се помине по улицата за да се стигне до било која зграда кога ќе се насоберат 4-5 кучиња околу нас кои се стационирани на улицата пред таа зграда, па сме приморани да вртиме по Младинска и да ја кружиме цела улица за да стигнеме на пример до зградата бр. 6. Благодарам на вниманието

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
18.09.2014 во 15:13:45

Почитувани, Во врска добиената пријава која се однесува за одгледување на поголем број на кучиња на ул.Ристо Курчиев бр.1 Ве известуваме дека комуналниот редар при општина Струмица има излезено на лице место и ги има преземено сите мерки во рамките на своите овластувања. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад