Преглед на пријава #3690



Пријава
14.08.2014 во 14:21:10

Почитувани, група на граѓани кои живееме во непосредна близина на фабриката за мебел Ников, имаме барање до Вас. Да испратите инспекциски служби за да проверат дали е во ред секојдневно да ја трпиме миризбата на бои и лакови во нашите домови и дворови. Однапред благодарни на Вашата интервенција.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
15.08.2014 во 15:03:31

Почитувани, Во врска со добиената пријава која се однесува за фабриката за мебел Ников во с.Гр.Балдовци, за миризбата од бои и лакови,Ве известуваме дека инспекторот за животна средина при општина Струмица, излезе на лице место, констатира дека фабриката е затворена и сите вработени се на колективен одмор, што значи пријавата е неоснована. Инспекторот има извршено инспекциски надзор порано има констатирано дека правното лице Ников има изработено Елаборат за влијанието на работата врз животната средина и кој постапува по истиот. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад