Преглед на пријава #3447



Пријава
27.06.2014 во 11:45:41

Почитувани,група на граѓани од ул."Пљачковица" имаме забелешка воедно и барање до Вас за асфалтирање на улицата, Пред година дена ни беше ветено дека по добивањето на асфалт ќе биде асфалтиран меѓутоа сега за сега од ова нема ништо. Ве молиме да не информирате дали е во предвид истата да се асфалтира и кога.... Однапред благодарни.

Статус: Пријава во процес на решавање
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
27.06.2014 во 13:55:36

Почитувани, Во врска со Вашето прашање за асфалтирање на ул."Пљачковица" од Секторот за урбанизам и комунални работи при Општина Струмица добивме одговор дека: Горенаведената локација е во предвид за асфалтирање до крајот на месец Ноември. За конкретното започнување на реализацијата на овој проблем ќе бидете дополнително известени. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад