Преглед на пријава #3205



Пријава
12.05.2014 во 01:54:46

vo vrska so prijaven problem 3070: Почитувани. Пред некое време еден наш комшија веќе Ви испратил писмо со барање за проверка на состојбата со паркиралиштето во склоп на зградата на ул.Ленинова бр 14( над судот, т.р Трговски центар). Да Ве потсетиме дека СЛучајот е со поставените браници од одредени станари/сопственици на дуќани. Во разговор со соседот разбравме дека сте му пратиле одговор како сте излегле на лице место АМА не ги имате детектирано лицата кои истите ги поставиле. Па, како ова да не оди до недоглед а е многу просто да се реши, ние се потрудивме и Ви ги даваме на "тацна" лицата кои го имаат узурпирано просторот. Тоа се: 1. Петар Стевков, сопственик на стан на Ул. Ленинова 14 влез 3 стан 10 кој си ги паркира своите возила марки Peugeot 407 со рег. таблички SR 014 BM и VW TOUAREG исто со струмички рег. таблички. 2. Миле презиме непознато, со стан на улица Ленинов 14 влез 3. Стан 4 , кој узурпирал паркинг место за да го паркира своето комбе со рег. таблички SR 600 AC, 3. како и лицето Боро со стан на Ленинова 14 влез 1 стан 4 (познат бербер со дуќан спроти Тинекс, во бараките) кој узурпирал место од паркингот за да го паркира своето возило ФОРД со рег. таблички SR 050 BК. Ви напоменуваме дека: -Со информациите кои Ви ги пласираме комплетно сте обезбедени за да можете да пристапите кон комплетно решавање на проблемот, директно одејќи до узурпаторите или, преку информации од МВР Стурмица да ги докомплетирате нивните адреси на живеење. -Доколку и после ова не биде решен проблемот-одстранување на поставените граничници, ние заинтересираните за решавање на овој проблем ќе им укажеме и на другите сопственици на дукани па и станови, како и ќираџии дека Е ДОЗВОЛИВО ТОА ШТО наведените лица веќе го сториле, па кој како стигне да си постави свој граничник, да си обезбеди сигурно паркинг место. Писмото ќе му биде поделено на секој кој дополнително ке постави граничник за да го има како доказ дека е таквото поставување дозволиво(ако и овој пат не се потрудите)!!! -Дополнително: доколку не наидеме на позитивно разрешување на проблемот ВЕДНАШ ќе ги известиме соодветните органи од повисока инстанца од кои ќе побараме проверка на вашата работа/заложба за решавање на проблемот. Наш совет: доколку “не сте во можност” Ви предлагаме неодложно одстранување на граничниците ОД ВАША СТРАНА! Во надеж дека проблемот ќе биде разрешен..... www

Статус: Решено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
22.05.2014 во 10:44:58

Почитувани, Во врска добиената пријава што се однесува за поставените препреки на паркингот пред зграда на ул.Ленинова бр.14 Ве известуваме дека сопствениците кој ги имат поставено пронајдени се нивните адреси на живеење и од страна на градежниот инспектор поведени се управни постапки против истите. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад