Преглед на пријава #3011



Пријава
13.03.2014 во 11:17:30

Добарден, сакам да пријавам озурпација на државно земјиште-пат во с.Добрејци од страна на ентитетот "Ва Метал" поставувајќи ограда на истиот од десната страна на каналот поминувајки низ улицата каде што се сместени и истата улица ја користат како магацински простор со направена градбаа од лим, а за да влезат во дворот треба да поминад над каналот за кој имат и нелегален мост, а за да биде поапсурдно градат усте еден мост за да ни прецат паркирајки ги нивните возила пред насите порти.Затоа замолувам да се испита целиот простор околу "Ва Метал" и барам инспекциските служби да го испитат неговиот деловен простор и отстранување на оградата со повлекување на истата за да се користи патот кој е унуистен од неговата страна бидејќи истата беше од поодамна дислоцирана ама истиот сопственик пак ја зацврсти на старото место и исто така да се провери легалноста на мостот кој го гради бидејќи сметам дека е дивоградба. Однапред Благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
20.03.2014 во 13:30:20

Почитувани, Во врска добиената пријава која се однесува за во с.Добрејци за узурпација на државно земјиште од страна на правното лице ВА-МЕТАЛ ,Ве известувам дека градежниот инспектор при општина Струмица има излезено на лице место и го констатира следното: Во моментот на контролата нема нова градба , а додека што се однесува за изградениот мост тој во моментот претставува единствен службен влез на законска градба на стамбена кука како и сите други случаи изградени по основ на службеност.Се до моментот на изготвување детален план на населеното место со кој предметното прашање ке се разреши согласно со предвиденото решение со планот донесен во законска постапка. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад