Преглед на пријава #2669



Пријава
22.11.2013 во 12:22:24

Почитувани, Ви се обраќам иако не сум сигурен дали овој проблем е во Ваша надлежност но сепак се надевам дека е и ќе најдете решение односно ќе постапите по истиот. Имено се работи за ул."Мито Хаџивасилев - Јасмин " бр.61, пред стамбената зграда веќе подолг период лице сместено во зградата го узурпира просторот наменет за зелена површина. Ве молам доколку сте во можност да му се укаже на лицето бидејќи местото кој што тој го користи е во сопственост на сите станари и истите не се во можност слободно да ги извршуваат своите активности.

Статус: Пријава во надлежност на друга институција
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
22.11.2013 во 14:23:56

Почитувани, Во врска со добиената пријава која се однесува за ул. М.Х.Ј.бр.61 Ве известуваме дека комуналниот инспектор при општина Струмица има извршено инспекциски увид, констатира дека нема надлежност бидејки површината каде што приколката е оставена се работи за дворно место што е во сопственост на сите станари, истите трба да си го решат проблемот. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад