Преглед на пријава #2505



Пријава
07.10.2013 во 12:27:21

Почитувани, повеќе граѓани од ул."Пљачковица" со излез на ул."Славчо Стоименски" би Ве замолиле за интервенција на прокоп кој се протега по целата улица и поради кој имаме големи проблеми, луѓето кои живееме на тој дел така и за сите минувачи кои се движат по таа улица. Наш предлог е привремено да се тампонира, и доколку е возможно и да се асфалтира. Однапред благодарни. Група на граѓани.

Статус: Пријава во процес на решавање
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
07.10.2013 во 12:34:49

Почитувани, Општина Струмица издаде налог, до службите задолжени за крпење на дупки за решавање на овој проблем. При тоа прокопот привремено ќе се тампонира на Ваше барање. Проблемот во целост ќе биде решен со афалтирање на спомената локација до крајот на месец Октомври.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад