Преглед на пријава #2463



Пријава
24.09.2013 во 15:56:24

Почитувани, имаме една забелешка до екипите задолжени за Собирање смет, од понеделник ја косата тревата на ул."Благој Мучето" бр.31, меѓутоа без претходно да го расчистат сметот. Ве замолуваме да им укажете на истите бидејќи сметаме дека под одржување на јавна површина се мисли и претходно отстранување на сметот.

Статус: Решено
Тип на пријава: Собирање на смет
Одговор
26.09.2013 во 17:38:02

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека: Отпадот ( се работеше за ризла од поставувањето на плочките на шеталиштето) од горенаведената улица е отстранет. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад