Преглед на пријава #2238



Пријава
16.07.2013 во 15:49:34

Почитувани, Ви се обраќам во името на повеќе соседи на ул."Цар Самоил" бр.21,имено се работи за напуштена куќа обраснета со треви и смет. Се обидовме да стапиме во контакт со сопственикот но не можевме да добиеме некаков одговор по однос на ова прашање, затоа би Ве замолиле за Ваша интервенција.

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
18.07.2013 во 12:39:00

Почитувани, Во врска пријавата за ул."Цар Самуил" бр.21. Ве известуваме дека стапивме во контакт со сопственикот на посочената адреса и од страна на комуналниот инспектор преземени се сите мерки во рамките на своите овластувања. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад