Преглед на пријава #1966



Пријава
08.04.2013 во 22:41:16

Почитувани ве замолуваме да ни одговорите како може да го решиме нашиот проблем кој го имаме со нашиот сосед кој во сопствениот двор чува повеќе од 20 крави во многу лоши услови и поради ненавремено чистење разни фекалии, измет итн се изливаат од неговиот двор и навлегуваат во нашиот. Исто така многу непријатна миризба има секој ден. Не сме само ние загрозени туку и останатите соседи. Ве замолуваме за одговор. Се работи за жители од село Дабиље.

Статус: Пријава во процес на решавање
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
11.04.2013 во 11:53:50

Почитувани Ве известуваме дека комуналниот инспектор при општина Струмица на ден 10.04.2012год во рамките на своите овластувања излезе на лице место по Вашата пријава, со записник ја има констатирано фактичката состојба,физичкото лице со решение и даден рок е задолжено да го отклони недостатокот. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад