Преглед на пријава #1762



Пријава
11.02.2013 во 11:26:09

Ми рекоа да се обратам кај Вас во врска со проблем што го имаме со соседите на ул."Гоце Делчев" бр.65, проблемот е во тоа што не редовно го отстрануваат сметот од сопствениот двор и од истиот се шири непријатен мирис по цела улица. Ве молам да им укажете на истите.

Статус: Пријава во процес на решавање
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
12.02.2013 во 14:17:00

Почитувани, Во врска со добиената пријава кој се однесува за ул."Гоце Делчев" бр.65, Ве известуваме дека овластениот комунален инспектор има излезено на лице место и ги има преземено сите мерки во рамките на своите овластувања, пријавеното физичко лице задолжено е да ги отстрани неправилностите. Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад