Преглед на пријава #15148



Пријава
04.08.2023 во 15:46:57

Сопственик сум на стан на ул.Балканска бр.4 вл.2 стан бр.25 во Струмица (зградата на поранешен Здравец).Мојот сосед во станот бр.26, Александар-презиме не знам, го има издадено станот на фирма, таму работат луге преку интернет во попладневните часови до доцна во нокта, а освен тоа има инсталирано клима уред веднаш до мојата тераса (30 цм), иако сите клима уреди во зградата се поставени секој на својата тераса од станот, како што е и предвидено со планот.Неколку пати му укажувам да ја премести климата , тој постојано избегнува да го стори тоа.Клима уредот работи постојано до доцна во нокта, а освен тоа има и галама од лугето што работат внатре(нема никаков назив за фирма или сл).Во вакви услови неме да се живее нормално, терасата е невозможно да се користи во попладневните или вечерните часови поради бучавата која ја создава климата на соседот а која повторувам е непрописно поставена, за што добив потврда и од инвеститорот на зградата фирмата Едилха од Струмица.Ве молам да се преземат мерки или да ми дадете насоки како да се реши проблемот.Поздрав Ристо Делев.

Статус: Решено
Тип на пријава: Општински инспекциски служби
Одговор
25.12.2023 во 20:20:29

Почитувани, Овластениот Инспектор за Домување од општина Струмица, има водено инспекциска постапка против субјектот Александар Новоселски од Струмица, како корисник на стан број 26 од влез 2 од станбената зграда на ул.Балканска бр.4 - Струмица, поради тоа што истиот на надворешниот дел од станбената зграда ( фасадата ) непрописно поставил клима - уред и со тоа постапил спротивно на одредбите од член 11 став 4 од Законот за Домување. Предвид така утврдената фактичка состојба, во инспекциската постапка донесено е Решение за отстранување на утврдените неправилности а со извршен контролен инспекциски надзор се утврди дека Александар Новоселски постапил по Решението на инспекторот односно самиот го отстранил клима уредот. Постапката е запрена со констатација на записник од извршен контролен инспекциски надзор. Овластен инспектор за Домување - Ѓорги Кацуров

Назад