Преглед на пријава #14368



Пријава
12.09.2022 во 19:54:34

Веќе една година се соочуваме со проблем на ул. Кољо Орцев која е блокирана со насипи од земја кон зградата со куќен број 4а. Пред една година неколку инвеститори си направија насипи од земја за полесно да качуваат градежни материјали на зградите кои ги прават и ја блокираа улицата која патем е асфалтирана и има поставено банкини. Уверуваа дека тоа ќе трае само еден месец ама помина повеќе од една година, а насипите уште стојат. Ве молиме да ги испратите надлежните служби да проверат, срамота е да се уништува новоасфалтирана улица, а ние жителите да одиме и возиме по алтернативни калливи патишта за да си стигнеме до паркинзите пред зградата. И Комуналец не ни поставува контејнери бидејќи улицата е блокирана и не можат да стигнат. Доколку не постапите навремено ќе ги известиме медиумите

Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Собирање на смет
Одговор
12.09.2022 во 20:48:21

Почитувани, Вашата пријава ке биде проследена до надлежните служби,ќе добиете одговор во најкраток рок. Со почит Систем 48.

Назад