Преглед на пријава #13934



Пријава
25.03.2021 во 17:54:45

Почитувани! Ние граѓаните од зграда бр.23 на ул. Благој Јанков-Мучето имаме проблем со поплавување на нашето дворно место. Имено, после секој пороен дожд голем дел од атмосверските води од наведената улица,преку зелената површина протекуваат и го поплавуваат нашиот двор. Наведеното се случува бидејќи дел од банкината (ивичњакот) на ул.Благој Јанков-Мучето во должина од окулу 2 метри е распаднат и не ја врши својата намена, атмосверските води од улицата да ги усмерува кон блиската шахта. Распаднатата банкина се наоѓа на потегот помеѓу кафе ресторан Бабилон и влезот од зграда бр.23. Распаднатата банкина може да се поправи со незначително (минимално) агажирање на човечки и материјални ресурси, а за нас ќе се реши голем проблем. Се надеваме дека нашава пријава ќе има позитивен епилог. Со почит!

Статус: Проследено до надлежни служби
Тип на пријава: Водовод и канализација
Одговор
25.03.2021 во 18:20:08

Почитувани, Вашата пријава е проследена до надлежните служби,ќе добиете одговор во најкраток рок

Назад