Преглед на пријава #12733



Пријава
15.01.2020 во 00:58:36

Почитувани, Прашањето е во врска со вид на проблем број 5 - Улици, патишта и тротоари, а се однесува на следново: Кога ќе се расчисти искршениот асфалт кој после интервенцијата на ЕВН од пред скоро два месеци остана пред нашата порта на улица „Херој Карпош“ број 24 во Струмица (раскрсница со улица „Ѓуро Ѓаковиќ“), а воедно и кога ќе се санира раскопаната улица? Напоменуваме дека на 10-тина метри од тоа место сега скоро се асфалтираше преку пат улицата која води кон УЈП, но на барањето да го приберат искршениот и истурен асфалт пред нашата порта, вработените и одговорните кои беа присутни и располагаа со механизација се оглушија. Со почит, Котев Ристо

Статус: Решено
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
08.06.2020 во 17:15:21

Почитувани, Од страна на надлежните служби добивме одговор дека:Интервенирано е на горенаведената локација.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад