Преглед на пријава #12709



Пријава
06.01.2020 во 23:05:55

Почитувани, На ден 06.01.2020 околу 12:00 часот на ул.Брегалница бр.8 во Струмица пренесено ми е од очевидци дека од страна на лица вработени во вашата служба за собирање на смет, извршена е кражба на мојата метална корпа за отпад која лично си ја имам купено со сопствени средства поради тоа што сум вселен неодамна и не затекнав корпа за отпад. Кражба е поради тоа што на оваа улица тоа беше единствената целосно здрава корпа (нова),а сепак е и единствената корпа која недостига во целата улица покрај сите други изгниени преправани и.т.н. кои сепак си стојат на своето место. Затоа барам ВЕДНАШ да ми се врати мојата корпа за отпад поради тоа што моментално јас немам каде да го фрлам сметот од моето домаќинство за чие собирање РЕДОВНО си плаќам. Од новите корпи немам сеуште земено, од причина што не сум бил дома во моментот на доделувањето. Се ослободив од работа па бев сам да си побарам во вашите служби, меѓутоа работното време беше при крај и ми рекоа на портирница да дојдам пак некој друг ден но порано,така што повторувам дека во моментот немам каде да го фрлам сметот. Се надевам дека ќе се најде виновникот кај вашите вработени за оваа кражба веднаш. Доколку не се реши овој случај во најкус можен рок,случајот ќе го пријавам кај други служби. Со почит,

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Собирање на смет
Одговор
03.02.2020 во 16:02:26

Почитувани,Овој проблем не е за Систем 48,тој проблем е за "ЈПКД КУМУНАЛЕЦ".Систем 48 е служба која ги препраќа проблемите на граѓаните до надлежните служи и тоа за улично осветлување,водовод и канализација,собирање смет,инспекциски служби итн.Ние како служба за решавање на овој проблем пријавата ке биде проследена до собирање смет.Но вие како граѓанин на Општина Струмица обратете се до дирекцијата на "ЈПКД Комуналец" Струмица. Се надевам за брзо решавање на овој проблем. Со почит Систем 48.

Назад