Преглед на пријава #12514



Пријава
18.09.2019 во 09:41:00

Почитувани, улицата на којашто живеам „Илинденска“ е полна со тумбарки и на некои места е пропадната и ако не се поправи нешто, ќе стане како рурален пат. Кога ќе бидат во можност службите, нека дојдат и нека направат проекции за нејзино санирање. Воедно, на почетокот на улицата има и шут кој е потребно да се крене, но и да се интервенира во делот на уличното осветлување. Инаку ова е 4ти пат како го пријавувам овој проблем и сметам дека е крајно непрофесионално да нема никаква акција од надлежните. Линк до фотки од улицата: https://imgur.com/a/WSvs9SO

Статус: Одговорено
Тип на пријава: Улици, патишта и тротоари
Одговор
08.11.2019 во 18:53:39

Почитувани, Од страна на одделението за комунални работи при општина Струмица е извршна проверка и за улицата Илинденска не е предвидено асфалтирање.Вдлабнатините или ударните дупки ќе бидат санирани со следното крпење ударни дупки.За подигање на сметот реагирано е до надлежната служба во ЈПКД Комуналец, како и за осветлувањето до ЈП Паркиралишта Струмица. Доколку постои потреба,повторно нека се реагира од страна на жителите од ул. Илинденска.Ви благодариме за користење на Систем 48.

Назад